Проблемите надминати: „Милионерите“ денеска потпишуваат со големото засилување

Борусија Дортмунд денеска и официјално ќе го промовира Серж Гираси од Штутгарт како големо засилување за наредната сезона. За одличниот голгетер се интересираа и бројни клубови од Англија и од Германија, но Борусија Дортмунд излезе како победник од оваа трка, осигурувајќи го потписот на Гираси за сума од 17,5 милиони евра, колку што изнесуваше клаузулата во неговиот договор со Штутгарт.

Голгетерот требаше да потпише уште минатата седмица, но трансферот беше одложен откако тој не го мина задолжителниот лекарски преглед. „Милионерите“ преку клупско соопштение објавија дека трансферот не е откажан, туку само одложен додека не бидат извршени дополнителни прегледи.

По нивното завршување и добиените резултати станало јасно дека проблемот на Гираси не е сериозен и дека операција на коленото не е неопходна, по што веќе нема никаква пречка за францускиот интернационалец да го комплетира трансферот на „Вестфален“.

Се вчитува...