Лос Анџелес лејкерс е тимот што е во центарот на вниманието во последните денови по ангажманот на синот на Леброн Џејмс, но „езерџиите“ се подготвуваат за нов маневар со кој би ги засилиле своите редови.
Јусуф Нуркиќ е многу блиску до преселба во таборот на лејкерси откако Феникс веќе ги почнал разговорите за „трејд“ со тимот од Лос Анџелес. „Сонцата“ се во потрага по врвен плејмејкер кој би настапувал крај Кевин Дурант и Девин Букер, а изборот паднал врз Д’Анџело Расел, во кого раководството на Феникс гледа идеално засилување за својата екипа.
Раководството на ЛА Лејкерс од друга страна бара нов квалитетен висок играч кој би бил поддршка за Ентони Дејвис, па го побарал Нуркиќ како главен адут во размената. Од Феникс изразиле подготвеност да го испратат босанскиот центар во Ел-Еј, па во тек се преговори за во размената да се вклучат и неколку играчи со епизодни улоги пред овој „супер-трејд“ во НБА-лигата да биде официјализиран.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА