УЕФА денеска ја објави и листата од десет најубави голови на ЕВРО 2024 во изборот на членовите на „техничката комисија“ на европската куќа на фудбалот.
Очекувано, гол број 1 на штотуку завршениот европски шампионат е ремек-делото на Ламин Јамал на полуфиналето со Франција, кога шпанското чудо од дете со маестрален удар од над 25 метри го матираше голманот Мењон.
Второто место му припадна на Белингем и „ножичките“ во судиското продолжение што ја спасија Англија во осминафиналето со Словачка, додека третопласиран во ова рангирање е Џердан Шаќири и прекрасниот гол на дуелот меѓу Швајцарија и Шкотска.
Најубавите десет погодоци на овој европски шампионат можете да ги погледнете на ОВОЈ ЛИНК.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

