Џо Брајант, таткото на славниот американски кошаркар, Коби Брајант, почина на 69-годишна возраст како последица на тежок мозочен удар.
Џо Брајант познат по надимакот „Jellybean“ и самиот беше солиден НБА кошаркар со осум годишно искуство во најсилната кошаркарска лига. Тој беше драфтуван како 14-ти пик на драфтот во 1975 година, а настапуваше за Голден Стејт, Филаделфија, Сан Диего Клиперс и Хјустон Рокетс. Најголемиот успех го доживеа во Филаделфија со која во 1977 година настапи во финалето.
По осум години во НБА тој замина во Европа и настапуваше во Италија, место кое имаше големо значење и за растот на неговиот син, Коби Брајант.
По играчката кариера влезе во тренерските води, а најголемиот успех му е водењето на Лос Анџелес Спарск, тим во женската конкуренција на НБА.
Joe Bryant, former NBA player and father of Kobe Bryant, has passed away at the age of 69, per @PhillyInquirer pic.twitter.com/shNzzUg9JO
— NBACentral (@TheDunkCentral) July 16, 2024
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА