„Кралскиот клуб“ не запира: Преискусен центар ќе го менува Поарие во Реал Мадрид

Реал Мадрид ова лето остана без Висент Поарие кој премина во редовите на Анадолу Ефес па „кралскиот клуб“ експрено тргна во потрага по неговата замена. А, замената ќе биде преискусниот шпански репрезентативец Серж Ибака, пренесуваат шпанските медиуми.

Триесетипетгодишниот Ибака претходната сезона се врати во Европа каде ги бранеше боите на Баерн Минхен забележувајќи просек од 12.6 поени, 6.8 скокови и 1.2 блокови по натпревар за 25 минути поминати на паркетот.

Претходно Ибака од 2009 до 2023 година беше дел од НБА лигата. Најголемиот успех го достигна во дресовите на Оклахома и Торонто. Со Тандер два пати беше биран во идеалната одбранбена петорка, додека во 2019 година со Рапторс стана и шампион.

Тоа ќе биде втор мандат на Ибака во Реал Мадрид. Првиот го имаше за време на „локдаунот“ во НБА во 2011 година кога настапи на шест натпревари во Евролигата.

Се вчитува...