Шок за косовски Балкани: Елиминирани во квалификациите за ЛШ од тим од Андора!

Шок за косовскиот шампион Балкани уште во 1. квалификациско коло за Лигата на шампионите.

Балкани сосема неочекувано доживеа елиминација од тимот на Санта Колома од Андора, и покрај тоа што на првиот натпревар на гости славеа против Андорците со 1-2.

Сепак, денеска на реваншот во Косово, Санта Колома во регуларниот дел од мечот победи со 0-1 со гол постигнат во 92. минута од средбата.

Во продолженијата потоа двата тима постигнаа гол за 1-2, идентично како на првиот дуел во Андора, па се продолжи кон изведување на пеналите каде Санта Колома славеше дури во седмата серија со 5-6.

Се вчитува...