Шпанците немаат среќа со претседателите на сојузот: Двегодишна суспензија за првиот човек на фудбалот!

Управниот спортски суд на Шпанија го суспендираше на две години претседателот на Фудбалскиот сојуз, Педро Роча.

Суспензијата е затоа што ги прекорачил своите должности во периодот кога беше вршител на должноста на таа функција. Роча дојде на чело на сојузот откако беше сменет неговиот претходник Луис Рубијалес поради тоа што ја бакна фудбалерката Џени Ермосо по победата на шпанската селекција во финалето на Светското првенство за жени.

Педро Роча беше обвинет дека додека веше вршител на должноста претседател го смени генералниот секретар на сојузот, Андреу Кампо, иако немал овластувања за такво нешто. Тој беше дел и од истрагата за корупција во сојузот, па сега доби и двегодишна суспензија.

Се вчитува...