Македонската универзитетска карате репрезентација, во елиминациските борби од првиот ден на европската Универзијада во Мишколц, Унгарија, постигна одличен резултат.
Нашите каратисти Петар Заборски (-75 кг) и Данило Божовиќ (+84 кг), успеаја да влезат во финале, додека пак Ангела Мојсовска го освои бронзениот медал во категоријата (-68 кг). Стефан Стојановиќ загуби за влез во финалето и потоа во борбата за бронзениот медал, со минимални резултати 1-1, поради правило на прв земен поен и го оствари пласманот на петто место.
Денеска ќе настапи Викторија Јовановска во категоријата до 61 килограм.
Петар Заборски ( -75 кг) , Финале
Петар Заборски- Рафаело Ди Гиола Швајцарија 5-0
Петар Заборски – Тамас Ацс Унгарија 8-0
Петар Заборски – Гонцало Феитас Португалија 3-0
Петар Заборски – Сассу Ндао Франција 1-0
Финале
Петар Заборски – Тим Стеинер Германија
Данило Божовиќ (+84 кг), Финале
Данило Божовиќ – Јацхум Тимавски Словачка 4-3
Данило Божовиќ – Немања Јовович Грна Гора 4-1
Данило Божовиќ – Осман Османли Турција 5-1
Финале
Данило Божовиќ – Томас Коса
Мојсовска Ангела (-68 кг) Бронзен медал
Мојсовска Ангела – Равлич Ана Марија Хрватска 1-0
Мојсовска Ангела – Арабли Рената Азербејџан 9-1
Мојсовска Ангела Маделина Сцроетер Германија 1-9
Борба за бронзен медал
Ангела Мојсовска – Маница Бриана Романија 10-2
Стојановиќ Стефан +84 кг, (5. место)
Стојановиќ Стефан -Девхуртс Рајан Англија 8-0
Стојановиќ Стефан Гок Самед Турција 1-0
Стојановиќ Стефан Коса Томас Словачка 1-1
Стојановиќ Стефан-Кадир Фуркан Генч Турција 1-1
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА