Поранешниот шампион на Ролан Гарос, Адријано Паната смета дека Новак Ѓоковиќ си го одиграл своето во тенискиот спорт.
Во анализата на финалето на Вимблдон, Паната е воодушевен од изданието на Алкараз.
„Ѓоковиќ дојде до финалето со победа против Руни кој, всушност, сам се победи, а мора да признаам дека ме изненади со нивото на игра против Муцети. Но, во финалето се забележа голема разлика. Карлос и Синер се израмнети на првото место во моментов во светот на тенисот, и мислам дека Ѓоковиќ повеќе никогаш нема да може да ги победи нив двајца“ – вели Паната.
Италијанецот најголемиот успех во кариерата го оствари со триумфот на Ролан Гарос во 1976 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

