Надал ќе игра на УС Опен!

Рафаел Надал ги израдува своите фанови со одлуката да го искористи заштитениот ранкинг за да влезе во главната ждрепка на последниот Грендслем во сезоната – УС Опен. Тоа се очекува да биде негов последен настап во Њујорк во кариерата.

Шпанецот, кој во моментов е на 261. место на АТП листата, е четирикратен шампион на УС Опен, последниот пехар го освои во 2019 година, а лани не ни настапи поради повреда.

Деновиве Надал игра во Баштад како подготовка за настапот на Олимписките игри во Париз каде ќе игра во двојки со Карлос Алкараз.

Се вчитува...