Партизан во Белград враќа Србин од НБА?

Партизан ова лето направи целосен ремонт на тимот, а по неколку официјализирани потписи наскоро се очекуваат и нови засилувања. Еден од нив би можел да биде и српскиот репрезентативец Алексеј Покушевски, пренесуваат српските медиуми.

Дваесетидвегодишниот крилен центар кој може да ја покрива и центарската позиција беше дел од НБА лигата од 2020 година забележувајќи настапи за Оклахома и Шарлот, но ова лето остана без ангажман во најсилното кошаркарско првенство откако беше раскинат неговиот договор.

Покушевски преферира да остане во НБА лигата, но доколку наскоро не најде нов ангажман не се искучува опцијата да се врати назад во Европа. На почетокот на кариерата тој ги бранеше боите на Олимпијакос, но сега и самиот сака враќање во татковината и соработка со Жељко Обрадовиќ.

Се вчитува...