Барса му посака „добредојде дома“ на Тијаго Алкантара (видео)

Серијата тешки повреди беа причина Тијаго Алкантара на 33-годишна возраст да ја заврши играчката кариера, но шпанскиот генијалец експресно најде нов ангажман, и тоа како тренер во екипата на Барселона.

КАталонците успеаја во намерата да го убедат Тијаго да се приклучи во стручниот штаб, како еден од клучните асистенти на новиот тренер Ханси Флик. Денеска беше објавена и официјална фотографија од Флик и Тијаго, а Барселона на своите профили на социјалните мрежи објави видео со наслов „Добредојде дома“ посветено на поранешниот фудбалер на Баерн Минхен и на Ливерпул.

Ова претставува камбек на Тијаго во Барса цели 11 години откако тој си замина од „Камп Ноу“ и потпиша договор со Баерн.

Се вчитува...