Македонскиот фудбалски шампион Струга Трим Лум го заврши својот настап сезонава во квалификациите за Лигата на шампионите откако во првото коло беше елиминиран од Слован Братислава.
Откако на првиот меч во главниот град на Словачка стружани беа поразени со 4-2, тие доживеаја и денеска пораз на „Билјанини извори“ во Охрид со 1-2.
Гостите со 0-1 поведоа со голот на Вајс уште во 9. минута од натпреварот, додека 0-2 беше со ефектниот автогол на Кире Ристевски во 34. минута. Во вториот дел Струга успеа да постигне само почесен погодок преку Компаоре во 85. минута.
Goal: Kire Ristevski | Struga 0-2 Slovan Bratislavapic.twitter.com/pU8C26LoJQ
— PushGoals (@PushGoals) July 17, 2024
Во 2. коло од Конференциската лига Струга ќе игра против ерменски Пјуник.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА