Дејвис куп репрезентацијата на Србија на 14. и 15. септември ќе игра во Белград против Грција во плејоф меч за пополнување на Светската група, а дел од репрезентацијата на нашиот северен сосед ќе биде и Новак Ѓоковиќ.
За овие дуели тренерот Виктор Троицки на располагање ќе ги има Новак Ѓоковиќ, Миомир Кецмановиќ, Ласло Џере, Душан Лајовиќ и Хамад Меџедовиќ.
Грција ќе биде предводена од Стефанос Циципас.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

