Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа на доминантен начин го почна својот настап на ИТФ фјучрсот кој се игра во португалскиот град Порто.
Тетовчанката на турнирот вреден 75.000 американски долари во првото коло за само 38 минути славеше над домашната надеж, Карла Томаи со максимални 2-0, по сетови 6-0 и 6-1.
Во втората рунда Ѓорческа за противник ќе ја има австралиската тенисерка, Маја Џоинт.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

