Репрезентативниот голман Дамјан Шишковски беше херој за својот Борац Бања Лука во триумфот по изведување на пенали (4-1) против албанска Егнатија во првото коло од квалификациите за пласман во ЛШ.
Откако нап рвиот натпревар Борац Бања Лука славеше со 1-0, Егнатија возврати со триумф од 2-1 на домашен терен па патникот во следната фаза мораше да се дознае со изведување на пенали. Таму, Шишковски беше херој за својот тим откако на двапати (една одбрана и една пречка) успеа да остане несовладан.
Egnatia 1-[1] Borac Banja Luka [1-2 on agg.] – Jovo Lukic 30'
byu/Meladroitdimage insoccer
Бугарскиот шампион Лудогорец го преживеа гостувањето кај грузиски Динамо Батуми. Откако на првиот меч дома Бугарите славеа со 3-1, успеаја да ја задржат предноста на денешното гостување каде загубија со минимални 1-0.
Пласман во второто коло од квалификациите во ЛШ обезбедија и: Класвик (Фарски острови), Петрокуб (Молдавија) и РФС (Летонија).
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА