Филаделфија славеше со 5-1 на дуелот против Њу Ингланд, натпревар што ќе остане запишан во историјата по дебито на Каван Саливан, кој стана најмлад дебитант во историјата на МЛС-лигата.
Саливан имаше 14 години и 293 на денот на дебито, уривајќи го за 13 дена досегашниот рекорд на Фреди Аду од 2004 година. Според информациите на ЕСПН, Каван Саливан стана најмлад спортист во историјата на американскиот професионален спорт што настапил на меч во НБА, НФЛ, МЛБ, НХЛ или МЛС-лигата.
The moment 14-year-old Cavan Sullivan made history. 👏 pic.twitter.com/7MuOWQMQgb
— Major League Soccer (@MLS) July 18, 2024
Родителите на Саливан се поранешни професионални фудбалери, а за Филаделфија стандардно настапува и неговиот брат Квин. Талентите на младиот Каван се добро познати и во Европа, па така англискиот шампион Манчестер Сити веќе има потпишано преддоговор за да го доведе овој Американец во своите редови штом наполни 18 години.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

