Баерн Минхен е подготвен да извојува нова голема победа на трансфер-пазарот, откако баварскиот гигант ги интензивираше преговорите со ПСЖ за ангажман на Чави Симонс. Холандскиот ас не е дел од плановите на Луис Енрике и повторно ќе замине од „Паркот на принцовите“, Лајпциг исто така се обидува да го задржи по одличната ланска сезона, но Баерн е апсолутен фаворит по понудата што овој клуб ја испрати до францускиот првак.
Баерн инсистира на позајмица на една година, но во неа ќе има и клаузула за задолжителен откуп на крајот од следната сезона, со што баварците не би ризикувале летово да ги надминат границите за финансиски ферплеј по бројните активности на пазарот. Самата позајмица би чинела околу 20 милиони евра, а германските медиуми најавуваат дека вкупната понуда на Баерн (вклучувајќи ги и клаузулите во перманентниот договор) ќе изнесува огромни 90 милиони евра.
Дефинитивно понуда што не се одбива, ако се знае дека Чави Симонс воопшто не е дел од плановите на ПСЖ и „светците“ константно го испраќаат овој млад фудбалер по позајмици откако го доведоа од младинската школа на Барселона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА