Атаман го предизвикува Бостон: Дојдете во Атина, да видиме кој е шампион

Ергин Атаман имаше неверојатна дебитантска сезона во Панатинаикос, откако за една година не само што успеа да ги воскресне „зелените“ од Атина, туку се закити и со трофеите во грчкото првенство и во Евролигата.

Трофејниот стручњак не застанува тука, па во последната изјава јавно ги предизвика НБА-шампионот Бостон селтикс, на дуел кој ќе значи „обединување на титулите“.

„Кога Бостон стана шампион видов твит „Светски првак Бостон“. Очигледно имаат високо мислење за себе, но тие не се светски прваци. Ако сакаат да бидат, треба да играат со шампионите на Европа. Дојдете и победете го шампионот на Евролигата, ако сте толку самоуверени, дојдете и славете против нас во Атина“, порача Ергин Атаман.

Се вчитува...