ФИФА ранг-листа: Македонија падна за едно место, Шпанија со скок од „плус пет“

Македонската фудбалска репрезентација забележа пад од едно место на најновата ФИФА ранг-листа што беше објавена денеска од страна на светската куќа на фудбалот.

Македонија моментно се наоѓа на 72. место на светското фудбалско рангирање откако во однос на минатиот месец бевме прескокнати од селекцијата на Грузија, која оствари историски успех со пласманот во осминафиналето на ЕВРО 2024.

Европскиот шампион Шпанија по круната на континенталниот собир скокна за пет позиции и моментно е треторангирана светска репрезентација, зад водечките Аргентина и Франција.

Најголемиот скок на најновата ранг-листа на ФИФА го има селекцијата на Венецуела, од огромни 17 позиции со што моментно се наоѓа на 37. место. Најголем пад пак има репрезентацијата на Чешка, од дури 12 места откако оваа репрезентација не успеа да се пласира во нокаут фазата од ЕВРО 2024.

Се вчитува...