Еден ден откако беше продолжена соработката со Лука Модриќ, Реал Мадрид денеска потпиша нов договор со уште еден играч кој долги години наназад го носи дресот на шпанскиот фудбалски гигант.
Станува збор за Лукас Васкез, кој иако не е стандарден првотимец и е втора опција на десен бек зад Дани Карвахал одлично се снаоѓа во тактичката поставеност на Карло Анчелоти. Токму поради ова италијанскиот стратег инсистираше на останување на Васкез, а претседателот Флорентино Перез денеска потпиша нов договор на една сезона со овој 32-годишен фудбалер.
За Васкез ова ќе биде десетта сезона во Реал Мадрид, а овој фудбалер досега има настапено на 339 натпревари за „кралевите“, притоа освојувајќи дури 21 трофеј.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

