Тадиќ се збогуваше од репрезентацијата: Не сакав никого да навредам…

Душан Тадиќ во иднина нема да го носи дресот на српската репрезентација откако искусниот голгетер преку писмо објавено во јавноста обелодени дека се повлекува од националниот тим.

Асот на Фенербахче се најде во фокусот на вниманието за време на ЕВРО 2024 кога отворено го критикуваше селекторот Стојковиќ поради одлуката да го остави на клупата на два од трите меча од групната фаза. Откако Стојковиќ ја доби довербата да остане на чело на репрезентацијата стана јасно дека Тадиќ веќе нема да биде дел од неа, па искусниот ас реши самиот да се збогува од националниот состав.

„Сакам да бидам искрен, како што тоа беше случај и со изјавите за време на ЕП – јас оставувам на ставовите што ги изнесов за време на шампионатот, но сакам да нагласам дека не ми беше намера да ги навредам соиграчите или било кој друг член на нашата репрезентација. Со ова писмо соопштувам дека донесов одлука да се збогувам од српската репрезентација. Дали би можел да бидам корисен и во инина, нека процени јавноста и струката, за мене репрезентацијата секогаш беше љубов, љубов кон државата кон народот, кон фудбалската игра… Минавме толку многу заедно, и радост и тага, и насмевки и среќа, но и бол и фрустрации. Имав привилегија да ја претставувам Србија на две СП, на едно европско првенство и на Олимписки Игри, рекордите никогаш не ме интересираа, а капитенската лента ми донесе додатна чест и одговорност. Благодарност до сите кои ги запознав, од првиот ден кога станав член на репрезентацијата, па се до денеска. Ме направивте подобар човек и спортист“, објави Тадиќ, кој ја завршува репрезентативната кариера со 111 натпревар за Србија.

Се вчитува...