Тиквеш и Шкендија ќе се обидат да ја продолжат европската авантура

Македонските фудбалски прволигаши Тиквеш и Шкендија денеска ќе ги одиграат реванш натпреварите од 1. квалификациско коло во Конференциската лига на Европа.

Тиквеш вечерва од 21.15 часот ќе му гостува на исландски Бреидаблик. Тие вечерва ќе се обидат да ја задржат предноста од 3-2 од првиот натпревар одигран на „Тодор Проески“.

Шкендија пак на Националната арена „Тодор Проески“ со почеток во 20 часот ќе ја пречека ерменска Ноа. Тетовци вечерва ќе имаат задача да ја анулираат негативата од 2-0 од првиот натпревар одигран во Ерменија.

Се вчитува...