Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта сака летово да ги доведе Нико Вилијамс и Дани Олмо!
Вилијамс од поодамна е познато дека е во преговори со Барселона, а слични информации за договорени лични услови се појавуваат со денови, како и дека каталонскиот клуб бара начин да ја плати клаузулата од 58 милиони евра.
Дополнително и Дани Олмо сака да се врати дома, бидејќи порасна во Барса, а во меѓувреме стана ѕвезда на европскиот фудбал. Меѓутоа, проблемот е што неговата клаузула од 60 милиони евра истекува на 20. јули, а Барселона не може да ја активира до викендот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

