Капитенот на српската фудбалска репрезентација и рекордер по бројот на настапи за истата, Душан Тадиќ и официјално се прости од националниот тим.
Селекторот Драган Стојковиќ му се заблагодари на Тадиќ за се што направи за репрезентацијата и рече дека ќе инсистира да се организира проштален натпревар.
„Душан Тадиќ е големо име во српскиот фудбал и момче кое остави длабока трага во дресот на нашата репрезентација. Неговата кариера ја следев од моментот во Војводина и подоцна кога се покажа во Холандија, преку Англија се до Турција дека израсна во еден од најдобрите играчи од средниот ред во Европа. Од моментот кога ја презедов селекторската функција, го гледав како лидер и бев многу среќен што Тадиќ ја носеше капитенската лента и бројот 10. Јас ја почитувам неговата одлука и му посакувам среќа во понатамошната кариера, и онаа на која ќе се посвети откако ќе заврши со фудбалската кариера. Предложете му на претседателот Џајиќ и на луѓето од Фудбалскиот сојуз на Србија да ја искористат шансата и да му направиме проштален меч на поранешниот капитен Тадиќ апсолутно го заслужи тоа“, изјави Пикси.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА