Членовите на карате клубот „Макпетрол“, кои се дел од македонската универзитетска репрезентација, освоија две златни медали на големиот европски собир во Унгарија. Петар Заборски победи во финалето во категоријата под 75 килограми, додека Данило Божовиќ ја освои првата позиција во +84 кг. Претходно, Ангела Мојсовска освои бронза (-68 кг,), а Стефан Стојановиќ се пласира на петтата позиција.
Во финалниот натпревар Петар Заборски извојува победа во борбата со Тим Стеинер од Германија со резултат е 2-0. На овој начин, македонскиот репрезентативец од скопски „Макпетрол“ ја одбрани европската титула што ја освои и на минатата европска универзијада во Лоѓ, Полска. Данило Божовиќ, исто така, беше успешен во финалниот натпревар и освои златен медал. Тој победи со резултат 1-0 во мечот со Томас Коса од Словачка.
Европската Универзијада од 14 до 19 јули се одржува во унгарските градови Мишколц и Дебрецен.
Учествуваат на 5,000 студенти од 400 универзитети од 40 европски држави. Тие се натпреваруваат во 18 различни спортови.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА