Иван Љубичиќ, некогашниот трет тенисер на светот кој по крајот на кариерата премина и во тренерските води, а работи и како стручен консултант на ТВ програмите го прокоментира поразот на Новак Ѓоковиќ во финалето на „Вимблдон“ против Карлос Алкараз.
Хрватот верува дека 37-годишникот е свесен за смената на генерација и супериорноста на 15 години помладиот Алкараз, како и дека му недостасува мотивација како онаа во средбиреНадал и Федерер.
„Нормално е дека ќе биде мотивиран за во Париз, но што потоа? Без Федерер, без Надал се е поинаку. Борис Бекер неодамна изјави дека му се чини дека Ѓоковиќ практично ја прифати супериорноста на Алкараз, што никогаш не го направи со Надал и Федерер. Мислам дека не сме далеку од смена на генерација. Едноставно тоа е животот“, вели Љубичиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА