Искусниот американски кошаркар Патрик Беверли ова лето изненади со својата одлука да ги одбие понудите за останување во НБА лигата и да се врати назад во Европа со договор со израелскиот клуб Хапоел Тел Авив.
И самиот Беверли откри дека Израелците ги прифатиле сите негови барања и дека тој добро ќе заработи од новата сезона на „стариот континент“, а тамошните медиуми денеска ја објавија неговата плата.
Таа е во износ од фиксни два милиони евра со можност да заработи и дополнителен милион за освојување на Еврокупот. А, пак доколку Хапоел Тел Авив не успее во тоа ќе му следат 200 илјади евра.
Беверли патот до НБА лигата го започна од Европа. На стартот на кариерата настапуваше за украинскиот Днипро, а потоа и за Олиѓпијакос и Спартак од Санкт Петербург.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА