ВИДЕО: Супер-старт на Тиквеш во Исланд: Спахиу уште во 9. минута носи водство од 0-1!

Супер-старт на Тиквеш на гостувањето против Бреидаблик во Исланд на реванш-натпреварот од 1. квалификациско коло во Конференциската лига на УЕФА.

Кавадарчани на најдобар можен начин го отворија мечот поведувајќи уште во 9. минута од средбата.

По асистенцијата на Бразилецот Витао, Едиз Спахиу одлично стрелаше во 9. минута за водство од 0-1 на Тиквеш.

Се вчитува...