Беќири: Разочарувачки е кога ќе го завршиш настапот во првата рунда

Македонскиот фудбалски прволигаш Шкендија го заврши настапот во квалификациите за Конференциската лига на УЕФА откако по поразот минатата недела на гостувањето во Ерменија од 2-0, откако загуби и на домашен терен од Ноа овојпат со 1-2.

Тренерот на тетовци Јетон Беќири по мечот изјави дека мора да анализираат и во иднина барем воведните кола да ги минат во Европа.

„Koга ќе го завршиш настапот уште на стартот е големо разочарување. Мора да ги анализираме нашите грешки и во иднина да се обидеме да успееме да ја минеме првата рунда. Немавме среќа во ждребот бидејќи игравме против сериозна екипа и која инвестира многу во европскиот фудбал“, изјави Беќири. 

Се вчитува...