Младиот шпански репрезентативец Ламин Јамал, иако со само 16 години, беше една од најголемите ѕвезди на штотуку завршеното Европско првенство 2024, на кое беше прогласен и за најдобар млад играч.
Сето тоа очигледно сега доаѓа за наплата, па неговиот агент Жорге Мендеш упати барање до Барселона за крилниот офанзивец да добие нов договор со повисока плата.
Очигледно, Барселона ќе мора да го исполни тоа ако сака да го задржи во своите редови на подолг рок. Но, сето ова е очекувано затоа што освен што Јамал е еден од носителите на играта на Барса, зголемена е и неговата популарност и заработката од бројот на продадени дресови низ целиот свет.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

