Вардар ги дозна противниците за ЕХФ Европската лига: Против Порто и два квалификанти!

Ракометарите на Вардар ги дознаа своите противници за групната фаза во новата сезона 2024/25 од ЕХФ Европската лига.

Денешната ждрепка сакаше, Вардар да биде во Групата Ф заедно со португалски Порто, победникот од квалификацискиот меч меѓу германски Мелсунген и норвешки Елверум, како и победникот од квалификацискиот меч меѓу исландски Валмур и хрватски Винковци.

Натпреварите во сите осум групи (со по четири екипи) ќе се играат од 8 октомври до 26 ноември. Двете првопласирани екипи од секоја група ќе продолжат во разигрувањето за титулата во Европската лига.

Комплетниот изглед на групите ќе биде познат по одигрувањето на двете квалификациски рунди закажани за 31. август и 1. септември, додека реваншите се на 7/ 8. септември, кога и Вардар дефинитивно ќе ги дознае имињата на своите противници – квалификанти.

Се вчитува...