Барселона остана без капитенот: Серхи Роберто се сели во Англија

Барселона останува без својот капитен, Серхи Роберто кој се одлучи да го напушти клубот и да се пресели во Премиерлигата.

Откако раководството на Барса не му понуди нов договор по истекот на досегашниот на 30. јуни, Роберто како слободен играч одлучи да бара нов предизвик. Има понуди од Валенсија и од Севилја, но според информациите од Шпанија тој не сака да игра против досегашниот свој клуб па затоа ќе прифати, најверојатно, понуда од Англија.

Дебитираше за Барселона во 2011 година под водство на Пеп Гвардиола и досега 13 сезони мина меѓу Каталонците.

Се вчитува...