Холандскиот одбојкар Стивен ван де Фелде, кој беше осуден за силување на 12-годишна Британка, ќе ја претставува својата земја на претстојните Олимписки игри во Париз.
Ван де Фелде, кој сега има 29 години, беше осуден на четири години затвор пред осум години, откако се изјасни за виновен за три точки од обвинението за силување на дете во август 2014 година.
Холанѓанецот, кој се натпреварува во одбојка на плажа, ја запознал својата жртва преку Фејсбук, а потоа отпатувал од Амстердам во Велика Британија пред да ја силува девојката во Милгон Кејнс. Откако беше осуден, на Ван де Фелде му беше дозволено да ја отслужи затворската казна во својата земја, но беше ослободен по само 12 месеци.
Ван де Фелде потоа ја продолжи одбојкарската кариера и се натпреварува на меѓународни турнири од 2018 година, а Холандскиот олимписки комитет соопшти дека тоа го направил дури откако бил под строг надзор. Тој се квалификуваше за Олимписките игри во Париз во пар со Метју Имерс.
Олимпискиот комитет на Холандија соопшти дека Ван де Фелде нема да биде сместен во олимпиското село со останатите спортисти, туку ќе биде на посебна локација. Беше наведено и дека нема да комуницира со новинарите за време на Игрите. На овој начин ОК Холаниѓе сака да „обезбеди мир за другите спортисти“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА