Герет Саутгејт по Европското првенство го напушти кормилото на англиската репрезентација.
Англичаните заглавија на последната пречка на ЕП, Шпанците сепак беа подобри во финалето. Саутгејт си замина како што најави доколку „гордиот албион“ не ја освои титулата европски првак, па сега на големо се зборува за наследниците.
Најголеми шанси секако ги доби Еди Хау, а се споменуваа имиња и како Греам Потер, Ли Карсли и Маурисио Покетино, тука се и вистинските легенди на англискиот фудбал Стивен Џерард и Френк Лампард, а сега почна да се споменува уште едно познато лице.
„Сан“ и „Билд“ пишуваат дека еден од заинтересираните за оваа работа е поранешниот селектор на Германија, Јоаким Лев. Тој ги водеше „панцирите“ дури 15 години, а со нив го освои и Светското првенство во Бразил во 2014 година. Интересно е што последниот натпревар кој го водеше на германската клупа беше против Англија на Герет Саутгејт на ЕП 2020, кога загуби 2-0 и испадна од турнирот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА