Капитенот на шпанската фудбалска репрезентација Алваро Мората и официјално е претставен за нов фудбалер на италијанскиот великан Милан. Голгетерот најпрвин сакаше да остане и да се бори за првотимски статус во Атлетико Мадрид, но по последните критики од шпанската јавност за време на ЕВРО 2024 сепак реши да си замине од Ла Лига и да се врати на Апенинскиот полуостров.
Милан ја плати за Мората откупната клаузула од 13 милиони, по што Шпанецот потпиша четиригодишен договор со новата екипа.
Тој ќе го заземе местото на Оливие Жиру во нападот на „росонерите“, откако францускиот ветеран летово си замина од „Сан Сиро“ за кариерата да ја продолжи во американската МЛС-лига.
✍ @AlvaroMorata is Rossonero 🔴⚫
Adding a touch of 𝑅𝑜𝑗𝑜 to our #DNACMilan 🧬#SempreMilan
— AC Milan (@acmilan) July 19, 2024
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА