Mладинците подобри од Унгарија ќе играат за 9. место на ЕП

Младата ракометна репрезентација на Македонија ќе се бори за 9. место на Европското првенство во Словенија откако денеска во еден интересен натпревар славеше над Унгарија со 26-27.

Натпреварот почна израмнето и ниту една репрезентација не успеа да направи поголема разлика од еден гол, се до 20. минута кога избраниците на Радослав Стојановиќ за првпат стигнаа до два гола позитива (10-12). Сепак, до крајот на првиот дел Унгарците заиграа подобро и буквално во последните моменти на првиот дел успеаја и тие за првпат да стигнат до плус два 16-14.

Нашите надежи подобро го отворија второто полувреме, па во 41. минута повторно стигнаа до водство (20-21). Нашата одбрана беше феноменална и во продолжението на вториот дел, па на две минути до крајот нашите избраници влегоа со највисоките плус три 24-27. До крајот успеавме да ја задржиме предноста и да славиме со 26-27. Димитар Узунчев со осум гола беше убедливо најдобар поединец во нашиот табор, додека кај поразените Петер Гашо постигна пет гола.

Во мечот за 9. место на ЕП нашите надежи ќе играат со подобриот од дуелот меѓу Франција и Хрватска, две репрезентации со кои веќе игравме на турнирот.

Се вчитува...