Баер Леверкузен продолжува со составување на тим за престојната сезона во која Германците ќе настапат и во Лигата на Шампионите, а откако стигна до потписите на Терие, Гарсија и Белосијан, блиску се и до потпис со искусен стопер.
Станува збор за долгогодишниот член на Ливерпул, Џоел Матип. 32-годишникот е слободен играч откако му истече договорот со „црвените“ и без обесштетување се очекува да се пресели во редовите на „фармацевтите“.
Матип има и искуство настапувајќи во бундеслигата за Шалке 04, клуб во кој помина седум години како дел од првиот тим. Во последните осум години настапуваше за Ливерпул забележувајќи 150 настапи во Премиерлигата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА