Англискиот репрезентативец Иван Тони пред скандалот со обложување беше еден од најбараните голгетери на „Островот“, но откако доби осум месечна суспензија се намали интересот на англиските гиганти.
Тони повеќе не е трансфер цел на Челси и Арсенал кои во меѓувреме ја решија проблематичната позиција во нападот со ангажман на Џексон и Хаверц, но лондонски тимови и понатаму се интересираат за негов трансфер. Тоа се Тотенхем и Вест Хем Јунајтед, откриваат англиските медиуми.
„Петлите“ се уште ја бараат вистинската замена за Хари Кејн, додека „чекичарите“ долго се мачат да стигнат до квалитетно засилување во нападот. Двата ривали се борат за неговиот потпис и тоа под олеснителни околности.
Брентфорд е очаен да го продаде фудбалерот чиј договор истекува на крајот на следната сезона со цел да се избегне можноста тој да замине без обесштетување. За тоа лондонскиот клуб повеќе не ја бара сумата од 50 милиони евра за негов трансфер па очекувањата се дека тој ќе замине за 20 милиони евра.
Тони за Брентфорд досега одигра 141 натпревар забележувајќи 72 голови и 23 асистенции.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА