Кошаркарскиот клуб Партизан по сезоната за заборав ова лето направи целосен ремонт на тимот кој како што откри претседателот Остоја Мијаиловиќ има веќе потпишано 11 кошаркари кои ќе бидат спектакулрано објавени. Еден од нив сепак нема да биде Вил Клајбурн.
Одличниот Американец кој се поврзуваше со Партизан во новата сезона ќе носи „црно-бело“, но не дресот на белградскиот тим, туку оној на Виртус Болоња, пренесуваат италијанските медиуми.
Клајбурн важи за еден од најдобрите кошаркари на својата позиција. Изминатата сезона настапуваше за Анадолу Ефес и во просек бележеше 13.3 поени, 4.6 скокови и 2.0 асистенции по натпревар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА