Австралиец ампутираше дел од прст за да настапи на ЛОИ во Париз

Додека целиот свет го чека почетокот на Летните олимписки игри кои од 27. јули до 8. август ќе се одржуваат во Париз, бројни спортисти и ги преминаа границите со цел да изборат место во главниот град на Франција и таму да се претстават себе си, но и во својата нација во одлично светло.

А, пак еден спортист ги надмина сите очекуваа и постави нова граница која ретко кој ќе се осмели да ја премине. Станува збор за Метју Досон, репрезентативецот на Австралија во хокеј на трева кој за да се натпреварува во Париз ампутираше дел од прст.

Досон непосредно пред Игрите доживеа незгодна повреда на домалиот прст која ќе го спречеше да настапи во репрезентативниот дрес, а со цел да биде дел од собирот на најдобрите спортисти на светот прифати парцијална ампутација.

„Немав многу време и морав да донесам одлука. Ги имав сите информации кои ми беа потребни, не само да играм во Париз туку и за животот општо, тоа што ќе ми биде најдобро за здравјето“, изјави Досон.

„Најбрзиот начина на рехабилитација беше да пресече дел од прстот. Не сум сигурен дали јас би го направил тоа, но тој прифати“, изјави селекторот Колин Беч.

Досон е долгогодишен репрезентативец на Австралија во хокеј на трева и за него ова ќе бидат третите Игри во кариерата. Првиот настап го имаше во 2016 година, а последниот на Игрите во 2021 година каде го освои сребрениот медал.

Се вчитува...