Англичаните по осум години повторно ќе бараат селектор, откако Герет Сатугејт самиот си замина од кормилото на „гордиот албион“ по поразот во финалето на ЕВРО 2024 од селекцијата на Шпанија.
Саутгејт беше на чело на англискиот национален тим од 2016 година, но второто загубено финале во низа на европските шампионати реши да го препушти своето место на некој друг. Во медиумите се вртат најразлични имиња, најчесто се споменуваат Грем Потер и Еди Хау, најамбициозни се најавите за доаѓање на Пеп Гвардиола во 2025 година, но во меѓувреме Фудбалската Асоцијација и официјално објави оглас за испразнетото селекторско место.
Информациите од „островот“ говорат дека од новиот селектор ќе се бараат следните работи:
- Да има УЕФА Про лиценца
- Да има значајно искуство во англискиот фудбал со одличен скор во Премиер-лигата или во меѓународните натпреварувања
- Да биде извонреден лидер кој го разбира меѓународниот фудбал и начинот на негово функционирање
- Да биде искусен во идентификација и водење, т.е. развој на англиските фудбалери
- Да се снаоѓа во улогата на личност од висок профил што јавноста и медиумите секојдневно интензивно ќе ја следат
- Да создаде позитивна култура во екипата и атмосфера за остварување на високи резултати
- Да име силни лични вредности и интергритет и да ја прифати улогата на селектор како инспирација на целата нација.
Описот е премногу уметнички, но англиските стратези кои се поврзуваат со функцијата (Потер и Хау) се далеку од одличен скор во Премиер-лигата или во меѓународните натпреварувања.
Во една таква ситуација, англиските медиуми повторно шпекулираат за странец за селектор, како опции наведувајќи ги Гвардиола (во 2025, претходно домашен тренер како привремено решение), но и Томас Тухел и Маурицио Покетино.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА