Елиф Елмас беше во главна улога на денешниот натпревар меѓу Лајпциг и Бабелсберг на кој германскиот прволигаш славеше со 1-0 токму со голот на македонскиот репрезентативец.
Лајпциг се мачеше да ја оправда фаворитската улога на овој дуел, но стигна до триумф откако Елмас одлично се снајде во самиот финиш од првото полувреме, стрелајќи прецизно со глава по центаршутот на Кевин Кампл. Македонскиот „дијамант“ беше стартер во тимот на Лајпциг и остана на теренот се до 60. минута, кога беше заменет со Нојман.
Елмас не беше стандарден по трансферот од Наполи во јануарскиот преоден рок, но се очекува по напуштањето на Чави Симонс и најавеното заминување на Дани Олмо македонскиот репрезентативец да се најде во преден план кај тренерот Росе.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА