Нголо Канте ја мина минатата сезона во дресот на Ал Итихад, но францускиот репрезентативец би можел по една година пауза да се врати назад во Премиер-лигата и да го облече дресот на Вест Хем.
Големиот борец импресионираше со настапите во групната фаза на ЕВРО 2024, покажувајќи дека се уште може да доминира на највисоко ниво кога нема проблем со повреди. Тоа беше причина „чеканите“ да тргнат во офанзива за да го потпишат Канте, на инсистирање на новиот тренер Хулен Лопетеги кој важи за голем фан на Французинот.
Француските медиуми информираат дека Канте е среќен од животот во Саудиска Арабија, но дека би разгледал понуда за нова авантура во Европа доколку добие зелено светло за такво нешто од челниците на Ал Итихад. Се шпекулира дека овој клуб ќе бара 20 милиони евра за потписот на 33-годишниот Французин, па директорите на Вест хем ќе треба да пресечат дали ќе инвестираат толкава сума во играч што се ближи до крајот на кариерата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА