Малер по малер – нови лоши вести за Симона Халеп

Симона Халеп конечно ја доби судската битка за да и се намали суспензијата по допинг-скандалот, но романската тенисерка е уште е надвор од терените.

Тениската јавност беше без одговор за причините на отсуството на Халеп, кој денеска преку соопштение на профилите на социјалните мрежи обелодени дека се мачи со незгодна повреда, што го одложува нејзиниот камбек на „белиот спорт“.

„Сакам да ве известам што се случува во последно време. Вестите не се најдобри, но сакам да ги споделам со вас. Веќе неколку месеци се мачам со повреда на коленото. Во прашање е повреда каква што сум немала порано, тешко е да излезам на крај со неа бидејќи болката не престанува. Зад мене е многу тежок период, ментално и емотивно во последните две години, а фактот дека сега имам и физички проблеми секако не ми помага. Одлучив да направам неопходна пауза за да се рехабилитирам како што треба. Се надевам дека наскоро ќе се вратам на терените“, објави Симона Халеп.

Романската тенисерка своевремено се наоѓаше и на врвот на ВТА-листа, а во кариерата има и две гранслем титули, на Ролан Гарос во 2018 и на Вимблдон во 2019 година.

Се вчитува...