Канте назад во Европа, нема шанси

Кратко траеја надежите на раководството на Вест Хем дека би можеле да го осигураат потписот на Нголо Канте и да го вратат францускиот репрезентативец назад во Премиер-лигата.

Нецели 24 часа по информацијата за конкретниот интерес на „чеканите“ за екс-фудбалерот на Челси и Лестер пристигна и јасна порака од неговиот актуелен клуб Ал Итихад – Канте не е на продажба. Новиот тренер Лорен Блан веднаш ставил до знаење дека сонародникот му е еден од клучните фигури во тимот ставајќи крај на сите шпекулации дека Канте би можел летово да ги смени клупските бои и да се врати во европскиот фудбал.

Ал Итихад имаше разочарувачка сезона во која Французинот беше една од ретките светли точки, а управата го цени тоа и е подготвена да му даде нов договор, воопшто не размислувајќи за продажба на големиот борец на средината од теренот.

„Канте назад во Европа, нема шанси… Ал Итихад планира да се засили, не да остане без клучен играч… Веќе е договорен Ауар од Рома, а прашање на време е кога ќе пристигне и Дијаби од Астон Вила. Се прави тим за високи дострели, а Канте ќе биде дел од него“, гласи одговорот од Саудиска Арабија по најавите дека Французинот би можел да потпише за Вест Хем.

Се вчитува...