Алекса Аврамовиќ ќе го продолжи егзодусот на кошаркари од Партизан, и тоа со преселба во редовите на рускиот гигант ЦСКА Москва, кој испрати богата понуда за да го доведе српскиот репрезентативец во своите редови.
ЦСКА повторно нема да игра во Евролигата, но челниците на рускиот гигант сакаат да направат силен тим со кој ќе ја одбранат титулата во ВТБ, а воедно и ќе го состават „костурот“ за екипата за 2025/26, за кога се очекува да извршат притисок за да се вратат во елитното европско натпреварување. Претходно интерес за Аврамовиќ покажаа и Париз и Макаби, но понудата што ја доставиле челниците на ЦСКА е супериорна во однос на двата евролигаши, како за платата на Аврамовиќ, така и за отштетата што ќе ја добие Партизан бидејќи има уште една година од договорот со плејмејкерот.
Заминувањето на овој кошаркар ќе го заокружи ремонтот во играчкиот кадар на „црно-белите“, ако се знае дека од ланскиот играчки ростер тренерот Обрадовиќ на располагање во следната сезона ќе го има само младиот центар Балша Копривица.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА