Анкета на ББЦ: Англичаните имаат „невозможна желба“ за селектор

Фудбалската Асоцијација на Англија е во потрага по нов селектор кој ќе го наследи Герет Саутгејт на клупата на „гордиот албион“, а во изминатите десетина дена во јавноста продефилираа десетина имиња кои се поврзани со оваа одговорна функција.

ББЦ објави анкета во која фановите можеа да гласаат кого сакаат да видат за нов селектор, во која апсолутен победник е Јирген Клоп. Доскорешниот стратег на Ливерпул доби вкупно 29% од гласовите, но Англичаните ќе имаат невозможна мисија да го убедат Клоп да седне на клупата на националниот тим откако тој јасно стави до знаење дека нема намера да прифати никаква функција во наредните 12 месеци, за целосно да се одмори од фудбалот.

Зад Клоп се најде Еди Хау со 19%, но и актуелниот стратег на Њукасл веќе ја одби ФА истакнувајќи дека сака да остане на чело на црно-белите од „Сент Џејмс Парк“. Пеп Гвардиола е само третопласиран со 15% од гласовите, пред Грем Потер со 12%, Маурицио Покетино со 8% и актуелниот селектор на младинската репрезентација, Ли Карсли со 7% од вкупниот број гласови во анкетата на ББЦ.

Се вчитува...