Пешиќ: Немој бре Ацо Петровиќ и Сагадин да не учат нас како треба

Селекторот на Србија, Светислав Пешиќ ги коментираше прозивките од неколку тренери од регионот за играта на српската репрезентација пред ЛОИ 2024 во Париз.

Пешиќ ги „пецна“ двајцата колеги, Хрватот Ацо Петровиќ и Словенецот Змаго Сагадин…

„Мора да направиме нова српска кошарка, со нови планови и идеи, приоритети. Прво и основно е да се основа професионална кошаркарска лига. Тоа што ни кажуваат Сагадин и Ацо Петровиќ како треба, тоа оставете го… Тоа се добри тренери, и двајцата многу ги ценам, ама немој бре тие да не учат што треба ние да правиме. Тие нека гледаат кај нив како да се заврши работата“ – вели Пешиќ.

Според Пешиќ српските клубови треба да ја напуштат АБА лигата, со цел да се направи силна српска лига…

„АБА лигата е надмината, таа им донесе на сите по нешто малку, но наш поголем интерес е сега да не играме таму. Треба да одбереме да формираме силна српска лига“ – истакна српскиот селектор.

Се вчитува...