Кошаркаркиот клуб Болоња направи неочекуван потег и на социјалните мрежи го претстави тимот на кој ќе смета следната сезона. Во него не е Огњен Добриќ, српскиот кошаркар кој ова лето се очекува да се врати назад во редовите на Црвена Звезда, но не е ниту Џејмс Нанали, доскорешниот кошаркар на Партизан кој се поврзуваше со трансфер во италијанскиот евролигаш.
Нанали последните две сезони ги мина во редовите на Партизан каде се наметна како еден од омилените кошаркари на „црно-белите“ навивачи со неговата борбеност и енергија.
Сепак изминатата сезона не ја заврши на славен начин бидејќи во финалето на АБА лигата за врат го фати кошаркарот на Црвена Звезда, Стефан Лазаревиќ, а овие двајца подоцна имаа и физичка пресметка во „Штарк“ арена меѓу шутерските тренинзи на двата српски кошаркарски великани па Жељко Обрадовиќ го отстрани од тимот.
Партизан ова лето направи целосен ремонт на тимот, а останува непознато дали Нанели е меѓу единаесетте нови засилувања кои според најавите на претстадателот на клубот, Остоја Мијаиловиќ ќе бидат претставени на спектакуларен начин.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА